Име Вести Регион Црн рекорд на Косово: Починале 36 лица, веднаш се воведува полициски час

Црн рекорд на Косово: Починале 36 лица, веднаш се воведува полициски час

0
39

Според министерството, 11.017 примероци биле тестирани во последните 24 часа, од кои 1.630 биле позитивни. Во последните седум дена во Косово, 132 лица починале од инфекција со коронавирус.

Владата на Косово, да ве потсетиме, усвои нови мерки со цел сузбивање на пандемијата на корона вирусот, со што од денеска се воведува полициски час од 22 часот до 5 часот наутро и истовремено го одложува почетокот на училишната година за 13 септември.

Според новата одлука, угостителските објекти ќе бидат отворени до 21.30 часот, а услугите ќе се даваат само на отворено. Сите јавни и приватни институции до 13 септември треба да работат со основниот персонал.

Сите граѓани кои влегуваат на територијата на Косово мора да имаат доказ за вакцинација против коронавирус, односно ПЦР тест извршен во последните 72 часа или серолошки тест не постар од 30 дена.