Четири лица од полошко позитивни на Ковид ја напуштиле државата,

0
23

   Вчера при вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во гостиварско било утврдено дека З.Б.(33) од Чегране, позитивна на Ковид-19, не била дома и ја напуштила државата, Х.С.(32) од  гостиварско Корито, позитивен на Ковид 19 , не бил дома и ја напуштил  државата, В.Ш.(52) од гостиварско Корито, позитивна на Ковид-19, ја напуштила  државата и А.Ш.(22) од гостиварско  Корито,  позитивен на Ковид 19, ја напуштил  државата. По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.08.2021 година во 09.45 часот во Полициска станица Тетово, А.С.(24) од тетовска Мала Речица пријавил дека околу 08.40 часот во селото бил физички нападнат од М.М.(40).  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден во 13.00 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полицицки службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.К.(33) од село Прељубиште затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

                                      

 

                                                   …..