Јанша: Не е наша должност да им помагаме на сите што бегаат наместо да се борат

0
26

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја коментираше денес ситуацијата во Авганистан.

 

„Европската унија нема да отвори никакви хуманитарни или миграциски коридори за Авганистан.

Нема да дозволиме да се повтори стратешката грешка од 2015 година. Ќе им помогнеме само на поединците што ни помогнаа за време на НАТО операциите во Авганистан. И на членките на ЕУ што ја штитат нашата надворешна граница“, напиша тој на Твитер на словенечки јазик.

Тој, исто така, објави уште еден твит, на англиски јазик: „Ако жените можат да се организираат и да се борат против талибанците во некои делови на Авганистан, тогаш тоа треба да го сторат и мажите. Не е должност на Европската унија или на Словенија да им помагаат и да им плаќаат на сите на планетата што бегаат, наместо да се борат за својата татковина“.