Име Магазин Јутјубер во камионет прескокнал поток, па заработил астрономска казна (ВИДЕО)

Јутјубер во камионет прескокнал поток, па заработил астрономска казна (ВИДЕО)

0
22

Иако потокот се наоѓа на приватно земјиште, јутјубер ќе треба да плати казна и да го санира потокот.

 

На крајот, поднесени се 18 кривични пријави против youtuber-от поврзани со нарушување на водниот канал, загадување, уништување. Судот на крајот одлучил дека јутјуберот со вистинско име Мајкл Хисонг мора да плати 53.000 американски долари за рехабилитација на потокот и ќе мора една година да се приклучи на програмата за општокорисна работа, пишува „Јорк дејли рекорд“.

“Немав поим дека е нелегално да се вози низ поток. Јас сум човек од животната средина, пешачам и никогаш не сум ја уништил природата. Не сум тип што ги уништува природните ресурси”, рекол Хисонг, во меѓувреме отстранувајќи ги видеата од YouTube.