20 годишна гостиварка насилно внесена во автомобил од три лица и физички нападната

0
17

Дваесетгодишна жителка на гостиварско село вчера во 14 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека Е.Ш.(20) од гостиварска Долна Ѓоновица и уште две други лица со употреба на сила ја внеле во нивното возило и дека едното од нив, според пријавеното, физички ја нападнало. Е.Ш. е повикан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.

Вчера полициски службеници на СВР Тетово, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека 1 женско лице од Тетово, иако имало решение за изолација и домашно лекување, не го почитувало решението и не се наоѓало во нејзиниот дом. Против ова лице ќе биде изготвен соодветен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.

Иминатиот викенд (28/29 август) од 23 до 5 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена  акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата било констатирано дека 9 возачи(ТЕ-5 и ГВ-4) управувале возила под дејство на алкогхол и биле исклучени од сообраќај.Против деветте прекршители изготвени се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност, како и со одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.