4 хеликоптери од Србија ќе помогнат во гаснењето на пожарите

0
16

Пристигнаа 4 хеликоптери од Србија да помогнат во гаснењето на пожарите кои горат во државата, потврди на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Со хеликоптерите денеска пристигнаа и српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин и помошник министерот за кризни ситуации Лука Чаушиќ.

Спасовски изрази благодарност до Република Србија, која според него, се покажала како сосед за пример, подавајќи рака кога на нашата држава и е најтешко.