Состојбата со Ковид 19 во тетовскиот регион се полоша

0
16

Состојбата со Ковид 19 во тетовскиот регион се полоша. Секојдневно се хоспитализираат пациенти кои тешка клиничка слика развиваат за многу кратко време. Место за прием има, дел од пациентите ќе се препраќаат на скопските клиники, со цел нормално функционирање на останатите одделенија

Во модуларната болница и инфективното одделение има 46 хоспитализирани. Речиси сите со тешка клиничка слика и на килосродна подршка. Расте бројот на амбулантски прегледи кои развиваат за неколку дена тешки симптоми, па дел од нив најверојатно ќе завршат во болнички кревет. Голем дел од пациентите се со коморбидитети, но загрижува што има здрави кои развуваат тешка пневмонија.

Растот се должи на големиот број прослави, семејни веселби, но и други фактори. Потребна е голема претпазливост во периодов што следи.

Од хоспитализираните, 6 имаат примени една доза, а само четворица се ревакцинирани. Голем дел од нив имаат полесна симптоматалогија, за разлика од останатите пациенти, податок кој говори дека имунизацијата делува позитивно врз заразените

Одделнијата се полнат, но Клиничката болница ќе биде растеретана и не е потребна реорганизација, по најавите на Министерството за здравство, дека дел од пацинетите од Тетово ќе се препраќаат на скопските клиники,

Во тетовско има најслаб одзив за имунизација во споредба со другите региони, но по растот на бројот на позитивни и хоспитализирани, интересот за имунизација деновиве се зголеми двојно.