Д-р Хамдија Елезовиќ кандидат за градоначалник на Тетово од редовите на СДСМ

0
18

СДСМ ќе го кандидира Д-р Хамдија Елезовиќ за градоначалник на Тетово.

Подолу е во целост партиското соопштение на ОО СДСМ ТЕТОВО.

-Почитувани сопартијци, активисти, симпатизери и граѓани.

Со гордост Ве известуваме дека на претстојните локални избори СДСМ Тетово настапува со најдоброто за нашата општина, а како предводник на промените и кандидат за Градоначалник на Општина Тетово, истапуваме со Д-р Хамдија Елезовиќ.

Професионалец во својата струка, посветен на континуиран личен напредок, докажан алтруист и ценет припадник на заедницата, човек каков што Тетово заслужува.

Искрената заложба прави промени и онаму каде што изгледаат невозможни, а #СДСМ е доказ за тоа, соопштија од партијата