Вирусот коси и во Општина Маврово – Ростуше, кризниот штаб бара онлајн настава во сите училишта

0
36

Кризниот штаб на Општина Маврово и Ростуше побара од надлежните наставата во сите основни и средни училишта во Општината првиот месец од почетокот на учебната година да се одвива онлајн. Ова следува по оценката на надлежните дека состојбата со Ковид 19 во овој регион е алармантна со оглед на фактот дека се работи за општина со голем број заразени а мал број жители

– Врз основа на податоците, моментната состојба се оценува како алармантна, односно дека состојбата е вон контрола. Вирусот е распространет во сите населени места на територијата на Општината. Во моментот регистрирани се над 500 лица кои се активни. Претпоставка е дека нивната бројка е многу повисока, бидејќи многу заразени не се јавуваат на преглед во почетна фаза, стои во барањето.Оваа бројка за општина со мал број на население како Маврово и Ростуше е драматична. Состојбата би се влошила доколку учениците кои во овој регион би се групирале за настава.Поради вака настанатата состојба бараме да се донесе одлука за следење на онлјан настава во траење од еден месец за сите ученици од четирите основни и средното општинско училиште. На тој начин сметаме дека ширењето на вирусот ќе биде намалено, односно состојбата може да се следи и стави под конрола од страна на здравствените работници“, стои во барањето на Кризниот штаб.