Алијанса за Албанците: Лицемерни меморандуми од Теута Арифи за модуларната

Пред два дена, јавно поставивме прашања до општината и до болницата во Тетово, зошто во текот на изградбата на модуларната болница каде што живи изгореа 14 луѓе, не се исполнети условите поставени и предвидени од Светска Банка. Наместо одговор што треба да го добијат тетовчани, најнеуспешната градоначалничка во историјата на Тетово, денес ни излезе со лицемерен меморандум со кој се обидува да ги замолчи противкандидатите и да си ги испере рацете од штетата што ја предизикала, направила низ Тетово, се вели во денешното соопштение на Алијансата за Албанците.

Бидејќи ги немаме одговорите што ги очекуваат граѓаните, должни сме да ги поставиме повторно прашањата:

Дали општината спроведе инспекција за заштита од пожари, како што е побарано во процедурите на Светска Банка? Ако не, тогаш зошто не?

Зошто немаше аларми за пожар во модуларната болница?

Зошто во модуларната болница немаше опрема за заштита од пожари?

Знаеме дека главен изведувач беше фирмата Брако на вашиот долгогодишен партнер Кочо Анѓушев. Дали имало подизведувачи и кои се тие?

Дали објектот бил надгледуван и технички прифатен? Кој го вршеше надзорот?

Што се однесува до меморандумот што ни го предложи госпоѓа Арифи, изгледа дека таа не разбира дека е градоначалничка во заминување и по нанесената штета над Тетово, таа не претставува никаков авторитет, ниту морален, ниту пак правен за да упатува вакви повици, а камо ли да ни кажува како треба да се однесуваме во кампања.

Најголемата иронија е дека после децении на власт, час пратеник, час министерка и осум години градоначалничка на општина, таа упатува повик да не правиме кампања пред 27 септември. Госпоѓа Арифи, овој датум и така е одреден со закон и кампања пред овој датум нема да правиме, веруваме дека ниту другите кандидати, освен вашата партија која е навикната да го прекршува законот кога ќе ѝ текне.

Алијанса за Албанците и идниот градоначалник на општината на Тетово ќе водат кампања со конкретна понуда за обновување на Тетово после осумгодишната деградација и хаос над градот. Но, истовремено, нема намера да го премолчиме криминалот, корупцијата, злоупотребата и лошото менаџирање што се случи во изминатите осум години и нема да престанеме да бараме одговорност таму каде што е потребно. Ве убедуваме дека или денес, или утре, одговорност ќе има“, соопшти Алијанса за Албанците.