Гостиварец на 34 години е жртва на сообраќајката пред Стража

34 годишен гостиварец е жртвата на тешката сообраќајка кај Стража во која седум лица беа повредени.

Меѓу полесно повредените е и Зоран Милевски Кичеец, кој како што известија од Управата за извршување на санкции користел 30-ет дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи.

Во официјалната информација од полицијата се наведува дека мерцедесот со кичевски ознаки бил управуван од Кичеец..а БМВ го управувал 23 годишен жител на тетовско Радиовце.

На местото на несреќата починал сопатникот од товарното возило од Гостивар.Со тешки телесни повреди се здобиле и двајца сопатници од мерцедесот, инаку српски државјани, како и сопатникот од камионетот. Четворица потешко повредени вчера беа пренесени на скопските клиники.