Двајца приведени, четворица полицајци повредени во судирот со демонстрантите во Тетово

Демонстрантите се судрија со полицијата во обид да стигнат до седиштето на ДУИ во Мала Речица за време на протестниот марш поради жртвите во пожарот во модуларната болница во Тетово. Откако под силно полициско обезбедување им беше забранет пристапот, дел од граѓаните се обиделе преку приватни имоти да стигнат до партиската зграда, при што настанал инциндетот.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, информира дека четворица полициски службеници се полесно повредени, а од слобода се лишени две лица, 52 годишник од Тетово и 31-годишник од Кичево. СВР Тетово во координација со јавен обвинител работи на расчистување на случајот, по што против инволвираните во настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Инаку предходно дел од учесниците на протестот фрлаа јајца кон општинската зграда во Тетово.

Семејствата на загинатите, но и нивни сограѓани велат дека преку протестот бараат одговори што се случило таа вечер, но бараат и одговорност од надлежните, како на централно така и на локално ниво.

Телма телевизија