Експлозија во зграда во Гетеборг, најмалку 20 повредени

Најмалку 25 луѓе се повредени во експлозија што се случи денеска во станбена зграда во Гетеборг. Евакуирани се 200 станари, кои живееле во зградата, а експлозијата ги затекнала на спиење и како сведочат не им било јасно што се случува.

По првичната експлозија избувнал и пожар во неколку згради. Според неофицијални информации, најмалку три лица се здобиле со тешки телесни повреди.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата, која се случи околу 4 часот изутрината.