Илиевски од кумановска Соколана: Гасификација на Куманово, изградба на кеј со 9 километри пешачка зона и 40 километри тротоари ќе бидат изградени во Куманово

0
43

Илиевски од кумановска Соколана: Гасификација на Куманово, изградба на кеј со 9 километри пешачка зона и 40 километри тротоари ќе бидат изградени во Куманово

Во изминатиот период 12 години локална власт, Куманово беше опозиција, не по наша вина и 12 години ВМРО ДПМНЕ не инвестираше ниту денар во Куманово, сега дојде време сите заедно од централната и локалната власт да се одолжиме на Куманово , да инвестираме во Куманово и Куманово да биде модерен, зелен и урбан град, истакна Оливер Илиевски , кандидат за градоначалник на општина Куманово .

Во нашата програма има макро проекти кои го засегаат целиот град и микро проекти за секоја насеолба за секој кварт. Еден од макропроекти е гасификација на целиот град, граѓаните сакаат чист воздух , нема друга алтернатива освен гасификација со која ќе добиеме почист воздух и поевтин енергенс. А приоритетно ќе биде гасификација на индустриските зони, кажа Илиевски .

,, На тв дуел ми кажаа дека тоа не може да се направи, а јас велам нема проблем кој неможе да се реши , ќе изнајдеме решение и ќе го решиме. Нашите компании треба да бидат поконкурентни на светските пазари поконкурентни на македонскиот пазар само така можеме да привлечеме странски инвеститори и инвеститори од другите градови да доујдат во Куманово.

Вториот проект е изградба на кејот на двете реки од влез на Куманово до хотел ,, Куба ,, и од тука ќе продолжиме со пешачка и вело патека до река Пчиња. Кумановка ја гледате сите , никој не сака гостите да ги прошета покрај нашиот кеј, затоа што целата е со ѓубре и нечистотија. Затоа одлучивме да ставиме во проект изградба на кеј на река Кумановка и река Којнарка во должина од 9 километри пешачка и вело зсона и ќе добиеме модерно шеталиште каде преку лето ќе одржуваме културни настани , а во9 програмата го имаме кумановско културно лето.

Илиевски најави и реконструкција на градски стадион и формирање на фудбалски клуб . Спортот во куманово ќе го развиваме , нема да купуваме спортисти од надвор, ќе градиме наши спортисти . Приоритет во програмата ќе ни биде подземно сообраќајно решение со подземен паркинг и ќе ги споиме двата плошдади. Со проектот мој еколог ќе го уредиме градот и населбите и че имаме задолжено лице кој ќе го одржува. Во Куманово ни недостигаат и тротоари, на улицата Народна револуција има само на почетокот, а ќе изградиме 40 км тротоари. СДСМ ја има најдобрата програма , а централната власт ни е ветер во грб, рече на промоцијата во Соколана Оливер Илиевски.