Курти: Србија провоцира сериозен меѓународен конфликт

Косовскиот премиер Албин Курти, по повод синоќешните напади на објекти во општините со мнозинско српско население, Зубин Поток и Звечан, ја обвини Србија дека ги користи косовските граѓани за да предизвика сериозен меѓународен конфликт.

Тој денеска во Скопје, каде што учествуваше на социо-еколошкиот форум, изјави дека одлуките што ги донесе Косово за регистерските таблички не се против Србите, туку во согласност со правото и законите.