ОСМАНИ: УШТЕ ДВАЈЦА ДИПЛОМАТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВКЛУЧЕНИ ВО ДИПЛОМАТСКИОТ СКАНДАЛ

0
30

Суспендирани и одземени дипломатските пасоши уште на двајца дипломати кои заедно со Миленкоски учествувале во операцијата за бегство на ерменскиот бизнисмен. Неофицијално, станува збор за дипломатите Владимир Сарафов и Стево Симски. Едниот е пензиниран дипломат, другиот е на годишен одмор.

Бујар Османи вели дека на своја одговорност ги суспендирал дипломатите, не именувајки ги,  и тврди дека до МНР нема стигнато никакво известување ниту за Миленкоски ниту за останатите двајца.

–  Ние немавме никакво известување  дека има црвена потерница по однос на конкретниот дипломат, се додека не беше притворен. Јас се уште немам известување дали и другите кои што се спомнуваат имаат потерница, иако на моја одговорност ги суспендирав и двата дипломатски пасоши, иако тоа е само моја дискрециона одлука да ги суспендирам, но немам официјално известување дека има други потерници и дека има други истраги. 12.30. Едниот е пензиониран, вториот е на годишен одмор. – изјави Османи.

Османи вели дека единствениот документ кој се наоѓа во МНР е оној од 2019та година кога МВР побарале информации за патните исправи на дипломатите. Тој тврди дека никој не го известил за потерницата на Интерпол – Миленкоски поседувал безбедносен сертификат, затоа и бил пратен во ОБСЕ Виена.

Најавува дека сите раководители во МНР, сите идни и тековни амбасаори  во НАТО и ЕУ земји ќе мора до петок да аплицираат за НАТО сертификат, доколку тоа не го направат, ќе бидат сменети.

– Колку и да звучи лошо, ќе ви кажам драго ми е, што е упатен, затоа што доколку не беше упатен ќе продолжеше да има дипломатски пасош,да имаше национален сертификат, да останеше во министерството и да има пристап. Ова, да . Покажа слабости, повеќе во други институции, но и во МНР, слабости и во координацијата и внатре. Затоа покренав процес на ревидирање,на сите чекори и процедури со цел да го зачуваме дигнитетот. – изјави Османи.

Телевизија 24 и денеска се обиде да го исконтактира директорот на АНБ, Виктор Димовски и да праша како Миленкоски во 2019та година добил безбедносен сертификат во рок од 5 години. Димовски не одговори на телефонските повици, ниту пак врати на пораката.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставки од Османи и Димитров.

– Поради огромниот дипломатски скандал потребна е оставка на двоецот Димитров – Османи. Извлекувањето на ерменскиот тајкун од Ерменија е правено со употреба на многу ресурси и тоа не е изведено само од тројцата дипломати. Зоран Заев треба да каже како дипломатот Миленковски изнајмил авион и извлекол тајкун од Ерменија.- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според приложените документи на министерот Османи, уапсениот дипломат бил проблематичен цели 12 години. Во 2009та година екс министерот Милошоски го преместил од Детроит во Вашингтон, а оттаму го преместил во Чикаго поради кавга и инциденти. Миленкоски во 2017та е поовлечен од мисијата на ОБСЕ во Виена, за годинава повторно да биде вратен.

24 вести