Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета кон отворено море

Северна Кореја утрово лансираше неидентификувана ракета кон отвореното море долж нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската војска.

Армијата на Јужна Кореја не даде детали, а Министерството за одбрана на Јапонија соопшти дека станува збор за балистичка ракета, без дополнителни објаснувања.