Аларм во ќелијата на ЦИА во Белград: Итно евакуиран разузнавач по силен микробранов невро-напад!

0
52

Американската разузнавачка агенција ЦИА евакуираше од Србија агент кој претрпе сериозни повреди во последните недели, ексклузивно објави Волстрит Журнал (WSJ). Тоа се повреди кои се совпаѓаат со оние предизвикани од невролошки напади познати како „Хавана синдром“, пишува весникот повикувајќи се на сегашни и поранешни американски претставници.

Ова е последен во серијата инциденти што американските власти ги сметаат за ширење напади врз американски разузнавачи и дипломати стационирани во странски земји. Кој ги напаѓа не е познато. Но, затоа научниците и владините претставници мислат дека знаат што ги напаѓа – некој вид директно насочена енергија.

– Во изминатите 60 до 90 дена, голем број вакви случаи се пријавени во странство, но дури и на американско тло, изјавил за „WSJ“ професор по неврологија од Универзитетот во Џорџтаун, др. Џејмс Џордано, кој инаку ја советува американската влада за овие напади.

Серија од овие напади, кои кај луѓето предизвикуваат вртоглавица, главоболки, замор, гадење, вознемиреност, губење на меморијата и други здравствени проблеми, се повеќе фрустрирачки за американските власти и агенции – особено Стејт департментот и ЦИА. Дури имаше и професионални дипломати, како и разузнавачки агенти, кои одбиваа да заминат во странство поради страв за сопственото здравје и здравјето на нивните семејства, посочува WSJ.

Што не е изненадувачки имајќи предвид дека ова се инциденти за кои се зборува во јавноста неколку години. Овие необјаснети „здравствени инциденти“ за првпат беа забележани кон крајот на 2016 година кај американските дипломати и разузнавачки агенти во Куба. Оттука и сега вообичаениот термин – „Хавана синдром“.