Алијансата за Албанците – Политиката и владата се мешаат во пописот, се потврдува тенденцијата за политизација

0
13

Од Алијансата за Албанците сметаат дека пописот не се одвива како што треба на терен, но и покрај тоа, владини преставници информираат дека со согурност оваа статистичка операција ќе заврши утре.

Подолу е целото партиско соопштение на Алијансата за Албанците во врска со пописот

-Прашањето е како министерот ги има информациите и дали може да биде сигурен дека пописот ќе заврши до утре, кога сите сме сведоци дека имаме проблеми на терен и многу граѓани не се регистрирани. Оваа информација доаѓа и до нашата адреса од граѓаните кои се уште ги чекаат матичарите. Државниот завод за статистика е независно тело и му припаѓа само на тоа тело да издава изјави во врска со прашањето за кое станува збор. Напротив, докажува дека политиката и владата се мешаат во овој процес и се потврдува тенденцијата за политизација. Можеби министерот сака да ја покрие својата позиција кога беше донесен законот и кога категорично беше отфрлен амандманот на албанската опозиција, што имаше врска со продолжувањето на пописот неколку дена, ако тоа не се направи навреме со цел граѓанинит да ја исполни законската обврска да не биде казнет. Министерот, иако беше свесен дека погрешија, поради неговите каприци продолжува со истиот аваз и гнев, и покрај тоа што не треба да има прст во овој процес. Доказ дека има проблеми со пописот и дека не се регистрирани сите граѓани е одлуката на заводот за статистика да определи центри во општините каде што самите граѓани ќе одат да се попишуваат. Зошто ни се потребни такви центри ако нема проблеми. Од попишувачите се бара да ги вклучат сите домаќинства. Значи, изјавата на министерот е само фарса и е во целосна спротивност со одлуката за која станува збор за субјектот. Да не заборавиме дека претседателот на државата ги имаше и нашите информации за нефункционирање и прекин на системот, за проблемите од оваа природа на терен и не случајно изјави дека доколку е потребно пописот ќе биде одложен. Затоа, го покануваме министерот да не дава такви изјави, бидејќи со изјави тој нема да го реши проблемот туку само ќе ги покрие неговите лични каприци и оние на неговата влада. Од друга страна, повторно апелираме до парламентот итно да се собере и да донесе одлука за повторно продолжување на пописот, без разлика дали е регистриран секој граѓанин и секое домаќинство.

Со почит Алијанса за Албанците