Алијанса за Албанците -По нападот од кучињата скитници веќе е јасно дека Тетово стана опасно место за живеење, како последица на неодговорноста, криминалот, корупцијата

0
20

Од Алијансата за Албанците со реакција по нападот од кучиња скитници при што едно петгодишно дете се здоби со тешки повреди.

Подолу е целото партиско соопштение поврзано со настанот.

,,,-Синоќа градот Тетово беше шокиран од уште една вест, која што тешко ги погоди сите граѓани, но, не и тие во власта.Кучињата скитници за кои што во континуитет без престанок алармираме, нападнале петгодишно дете нанесувајќи му тешки повреди. Сето ова се случило во близина на куќата и брзото навремено реагирање на членовите на семејството го спасиле детето од фаталниот исход. Овој случај докажува дека Тетово стана опасно место за живеење, како последица на неодговорноста, криминалот, корупцијата и лошото менаџирање на претставниците на локалната и централна власт.

И ако ги прашате за овој случај, тие повторно ќе го третираат како инцидент, судбина или природна катастрофа. За да ова не биде доволно, кога детето било пратено во болница, кажано им е дека немаат вакцини против беснило, последователно семејството било приморано да заминат за Скопје, во тамошниот клинички центар. Градот Тетово, не само што не е безбеден за живеење, нема ниту ефикасно здраство за да се помогне. Нема безбедни училишта, исто така од неодамна сме сведоци дека во опасност се и куќите, дворовите и населбите.

И после сето ова, ние не можеме да бараме одговорност од тие што не поднесоа одговорност ниту за 14-те изгубени животи, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците