Алијанса за Албанците со реакција за пукотницте на митиног во Чаир – Додека ДУИ ветува живот, на отварањето на штабот во Чаир промовира смрт!

0
19
Оружјето симболизира смрт и токму отварањето на штабот со истрели од огнено оружје од страната на милитантите на ДУИ, зборува за начинот на кој што оваа партија стреми кон победа,  со  закани, притисоци, манипулации и влевање на страв, излегоа со реакција по објавата во медиумите каде се слушаат пукотници додека Изет Меџити се подготвува да одржи говор
-Строго ја осудуваме употребата на оружјето и бараме од Обвинителството да започне истрага за кривично дело- употреба на недозволено оружје на јавни настани.  Бараме одговорност и од организаторите на собирот, значи од партијата што го организираше настанот, одговорност за опасноста што и се закануваше на граѓаните од истреланите куршуми во воздух.За жал, досегашната практика покажува дека сме имале многу други случаи ранети или пак загинати и од слепи куршуми, затоа не смееме да дозволиме вакви инциденти да се повторуваат и да поминат не казнети, соопштија од Алијансата за Албанците.
Подолу е видеото од пукањето во Чаир
https://youtu.be/zxHrtyO7AYw?t=51