Антонио Јолевски е нов претседател на Советот на јавни обвинители

0
32

Советот на јавни обвинители денеска избра нов претседател откако на досегашниот, Ацо Колевски му заврши двегодишниот мандат. За нов претседател едногласно е избран Антонио Јолевски.

-На ден 29.09.2021 година, Советот ја одржа редовната 32-ра седница за избор на Претседател на Советот на јавните обвинители на РСМ. За Претседател на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија беше избран јавниот обвинител Антонио Јолевски, кој функцијата ќе ја извршува во наредните 2 (две) години, се вели во соопштението од Советот.

Јолевски потекнува од Битола. Како обвинител почнал да работи во 2003 кога е избран за заменик-јавен обвинил во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола. Од 2012 до 2018, пак, е шеф на ОЈО Битола, а од 2018 работи како обвинител во истото обвинителство. За член на Советот на јавни обвинители бил избран минатата година.