Арифи го посети реконструираното Младинско катче на социо-културен простор и локален младински форум во Тетово

0
19

Преку проектните форуми на заедницата поддржани од УНДП и Општина Тетово, успеавме целосно да го реконструираме Младинско катче на социо-културен простор и локален младински форум во Тетово со инвестиција од 4,1 милиони денари во која некогаш беше старото Радио Тетово,истакна Арифи за време на посетата на ова културното катче

Простор каде младите можат да ги развијат своите креативни афинитети во музиката, сликарството и уметноста! Тетово отсекогаш бил жив град со активна младина, и ние секогаш ќе работиме за да имаме здрава и продуктивна младост, додаде таа.