Асоцијацијата на земјоделци остро се спротиставува на поскапувањето на лебот

0
19

Нереално е барањето на мeлничарите за зголемување на цената на лебот и белите печива реагираат од Асоцијацијата на земјоделци. Според нив мелничарите веќе ја имаат откупено пченицата по цена од 10,5 денари за килограм, и имаат доволно количини на пченица потребни за до крајот на оваа година. Затоа неосновани се најавите дека цената на лебот треба да се зголеми велат од асоцијацијата. Мелничарите најавија раст на цените на лебот и на печивата поради зголемените цени на струјата, растот на цените на пченицата на светските берзи но и на намаленото производство.