Бојкот на наставата во тетовско Милетино – Родителите се револтирани што нема учебници и нивните деца мораат да учат од дигитални примероци

0
17

Предупредувачки бојкот на наставата на дел од четвортооделенците во тетовско. Родителите се револтирани што нема учебници и нивните деца мораат да учат од дигитални примероци,  таблети кои ги нема доволно.

Родители чии четвртодделенци следат настава на Македонски и Албански јазик во основното училиште 7 Март во тетовско Милетино не ги пуштија своите деца на училиште, оти немаат книги и мора да копираат и да учат од скрипти. Се работи за предупредувачки бојкот на наставата кој го најавија од Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“

Ненад Ѓорѓески родител на четвртооделенец во Основното училиште 7 Март во Милетино, вели дека се уште таблетите не им се дадени, но одбива неговото дете да учи од дигитални примероци, поради здравствени проблеми.

Министерката Мила Царовска вели дека бојкотот на никому не носи корист, децата треба да се вратат на училиште, затоа што новата програма ќе даде квалитетно образование.

Како ќе делуваме понатаму се зависи од Министерството за образование, дали и колку од барањата ќе ни бидат прифатени, велат од Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“