Брзи антигенски тестови за учениците, а за повозрасните од понеделник трета доза вакцина

0
15

Од понеделник трета доза на вакцина ќе може да примат сите граѓани на возраст над 60 години, и сите здравствени работници и пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба, без оглед на возраста. Се најавува и скрининг на генералната здравствена состојба на населението, како и брзи антигенски тестови тестови за учениците во основните и средните училишта во државата.

Согласно сознанијата кои ги посочи министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција, третата доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“, а дополнително ќе следат препораки за вакцини од други производители