ВИДЕО | Ќучук: Северна Македонија стана успешен модел за мултиетничка коегзистенција и фактор на стабилност на Западен Балкан

0
18

Северна Македонија има посебно место во моето срце за нејзините прекрасни луѓе со кои имав можност да се сретнам и за извонредното гостопримство во кое отсекогаш уживав во моите бројни посети. Знам дека постигнувањето независност на мирен начин е извор на особена гордост за сите вас, а особено сум горд што мојата земја Бугарија беше првата земја што ја призна независноста, вели Илхан Ќучук, специјалниот известувач во Европскиот парламент за Северна Македонија.

 

 

– Овој ден не само што ја означува независноста на Северна Македонија, туку покажува и колку сте постигнале од 8 септември 1991 година. Вашата издржливост и успеси во последните три децении се од ваша сопствена одлука. Не дојдоа однадвор. Како и секоја млада демократска земја, поминавте низ тешки времиња, но денес, можете да славите поради единството и хармонијата меѓу луѓето. Северна Македонија стана успешен модел за мултиетничка коегзистенција и фактор на стабилност на Западен Балкан, вели тој во својата честитка по повод 30-годишнината од независноста.