Владата на Црна Гора донесе одлука Цетинскиот манастир да биде во рацете на државата

0
70

Владата на Црна Гора доенсе одлука Цетинскиот манастир да биде во рацете на државата.

Додека во листата за недвижности за Цетинскиот манастир наместо престолнината Цетиње не биде запишана државата, Управата за катастар и државен имот  доби наредба  да регистрира забрана за оттуѓување на сите објекти и парцели што ги користи манастирот.

Веќе е постапено по наредбата. Одлуката владата ја донесе вчера, ден пред собранието на општина Цетиње да расправа по граѓанската иницијатива за враќање на Цетинскиот манастир на Црнгорската православна црква.