ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо да се бори против урбаната мафија, изгради зграда дивоградба

0
24

Петре Шилегов на местото на својата куќа во Тафталиџе, гради зграда дивоградба. Според ДУП за местото каде што сега се наоѓа зградата дивоградба на Шилегов максималната висина која е дозволена за изградба на е 8,8 метри, односно приземје, кат и поткровје. Шилегов изградил уште два ката над максимално дозволената висина, без да поседува каков било валиден документ кој ќе му дозволи таква градба, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.