ВМРО НП – Советниците Македонци да не учествуваат во конституирање на Советот на Општина Тетово, ако нема претседавач Македонец

0
17

ОК на ВМРО Народна партија Тетово изразува задоволство од изјавите на некои политичари кои ја прифатија нашата идеја, односно изразија подготвеност за поддршка на нашиот предлог со идниот Совет на Општината да претседава претставник од тн македонски политички блок, соопштија од ВМПО Народна партија

За да не остане оваа изјава само декларативна, ВМРО Народна партија предлага:

 Сите партии од македонскиот кампус да потпишат изјава со која ќе се обврзат, доколку освојат мандати во идниот состав на Советот на Општината, да не учествуваат во неговото конституирање се додека не се уважи барањето со Советот да претседава Македонец.
 Согласно Мајскиот договор, во идната локална власт да партиципира партијата која ќе освои мнозинство мандати.

Од партијата сметаат дека ваквата изјава ќе придонесе конечно Македонците да добијат и определена политичка функција во рамките на локалната власт во Општина Тетово.

-Во оваа прилика сакаме да ги запознаеме граѓаните на Општина Тетово дека ВМРО Народна партија на претстојните Локални избори 2021 ќе учествува самостојно, со своја Листа за советници и очекуваме тетовчани да дадат црвен картон за досегашното „бистрење политика“ од страна на досегашните учесници во локалната власт, додаваат од партијата