Возела 43 км/ч. побрзо од ограничувањето, па заработила казна од 193.000 евра

0
16

Обвинителот прво побарал вкупна казна поголема од 370.00 евра, на што богатата претприемничка се жалела, па истата била намалена на околу 175.000, но тоа не бил нејзиниот единствен сообраќаен грев…

Една милионерка во Швајцарција е осудена на казна од 192.825 евра поради пребрзо возење! Таа со својот “Range Rover Velar” возела со брзина од 93 километри на час низ едно швајцарско село.

Претприемничката “тешка” 12 милиони евра е снимена како вози брзо низ селото, додека брзиномерот на нејзиниот моќен теренец покажувал брзина за 43 км/ч. поголема од пропишаното ограничување, јавуваат швајцарските медиуми.

 

 

 

Со оглед на тоа дека казните во Швајцарија се пресметуваат на основа на висината на личните приходи или вредноста на имотот на прекршувачот, овој прекршок прилично скапо ја чинел оваа госпоѓа. Обвинителот на прво побарал вкупна казна поголема од 370.00 евра, на што богатата претприемничка се жалела.

Казната, после тоа, била намалена на износ нешто помал од 175.000 евра, пренесува “N1”. Казнетата возачка претходно веќе имала две условни казни за постари прекршоци. Со оглед на тоа дека нејзиниот последен прекршок ги активирал и претходните прекршоци, жената од Цирих морала да плати вкупно 209.000 франци, односно 192.825.