Име Вести Македонија Во грчките учебници, Бугарите се „нацистички окупатори„ и „варвари кои ја окупирале“...

Во грчките учебници, Бугарите се „нацистички окупатори„ и „варвари кои ја окупирале“ Егејска Македонија

0
13

 

 

Емисијата „Слободна зона“ на неодамна починатиот бугарски новинар Георги Коритаров, за срам на т.н. новинарство на Северна, го отвори пред извесно време прашањето кое, требаше и мораше, тука да биде отворено и тоа многу одамна. Нешто што го покажува мизерниот степен на интелигенција на македонското новинарство, наспроти тој во Бугарија, колку и да е овој случај со починатиот Коритаров, по прашањето за нашата земја, изолиран.

Станува збор за разликите во учебниците по историја на Бугарија и Грција, односно за тоа што пишува во грчките учебници за бугарската улога во Втората светска војна – дали Бугарите се означени како нацисти или фашисти или, што би рекол Заев, на фашизмот не смее да му се дава национална боја, па тавата формулација не стои.

Ова е транскрипот од емисијата на Коритаров со екс амбасадорот на Бугарија во Грција, Стојанов, а со превод на Денешен.мк. и извесни, минимални скратувања кои ги сметавме за небитни. Во прилог, Денешен.мк ви го пренесува и целото видео од овој дел од емисијата.

КОРИТАРОВ: …Наше барање е да бидат ревидирани учебниците по историја во Македонија, од кои бараме да бидат извадени сите квалификации кои Бугарија ги смета за непримерни, како на пример „окупатори“, „фашисти“ „Татари“ итн. Јас еднаш веќе споменав дека проблемите кои царството Бугарија ги создавало на Балканот во периодот 1941 – 1944 година, не завршуваат само со окупацијата на територијата на денешна С. Македонија. Не завршуваат и со депортацијата на еврејското население оттаму. Тие проблеми ја зафаќаат и територијата на Егејска Македонија која се наоѓа во рамки на Република Грција.

Ете зошто денеска ќе пројавиме интерес за тоа што пишува во учебниците по историја во Република Грција – учебници за последните два класа во нивното средно образование кои ќе ни ги претстави г. Стефан Стојанов, бивш амбасадор во Грција и бивш пратеник.

СТОЈАНОВ: Добро утро, еве два од учебниците кои од кои се учи во последните два класа во средното образование во Грција. Би сакал да подвлечам дека таму системот е поразличен од нашиот и дека таму за секој клас и за секоја година, односно за секој предмет има еден единствен учебник… и тој е универзален… Ова се учебници по историја. Сум потцртал работи кои суштествено се разликуваат од нештата кои ги има во нашите учебници по историја.

КОРИТАРОВ: Конкретно што пишува за бугарската окупација на Егејска Македонија?

СТОЈАНОВ: Пишува дека грчката држава била окупирана од три сили, станувало збор за тројна окупација… Германија, Бугарија и Италија. Публикуван е говорот на првиот премиер на Грција по окупацијата, Папандреу, кој збори дека варвари ја  окупирале Грција, но потоа се дале во бегство итн, итн. Еве тука (го покажува учебникот, н.з.) имаме една табела чиј наслов е ЖРТВИ НА НАЦИСТИЧКАТА ОКУПАЦИЈА…

КОРИТАРОВ: Т.е тројната окупација…

СТОЈАНОВ: Да, пишува „нацистичка окупација“ и пишува следното: во септември-октомври 1941 година убиени се од БУГАРИТЕ 5 016 жители на Драма, Доксато и селата окупирани во реонот…

КОРИТАРОВ: Тоа го пишува во современиот грчки учебник… дека бугарските војски на царството Бугарија убиле 5000…?

СТОЈАНОВ: Нацистичките окупатори…!

КОРИТАРОВ: Значи, пишува Бугарите (дека се нацистички окупатори, н.з.) …!

СТОЈАНОВ: Да, Бугарите…, не пишува царските војски, републиканските војски, пишува Бугарите. И нешто повеќе – секоја година, таму во присуство на претседателот на Република Грција, се одбележува, се дава почит на жртвите во Драма…

КОРИТАРОВ: Чекајте малку. Јас не помнам дека ние ова сме го учеле, а и не знам дека сега го има во нашите учебници…!

СТОЈАНОВ: Подоле во учебникот има и други настани, за кои не пишува „Бугарите“, но пишува: 5 април 1944 година во селото Клисура, кај Костур, ликвидирани се 270 старци, жени и деца. Не пишува кој го направил ова, пишува нацистичките окупатори, но ако тргнете кон деталите, на пример препорачаната литература за овие настани, ќе видите дека таму има еден Бугарин кому ние тука сме му издигнале споменична плоча и кому ВМРО (на Каракачанов, н.з.) редовно оди да му го чествува името, Андон Калчев, кој е чевствуван како херој, а тој е суден, всушност има две пресуди за него. Едната е на доживотен затвор, другата е смртна пресуда која е извршена и него го осудиле затоа што водел бугарска група, која заедно со дел од германските војски, го извршиле тој престап во Клисура.

КОРИТАРОВ: Тој човек се смета за херој во Бугарија?

СТОЈАНОВ: Точно така. Нашата историографија за него кажува различно од тоа што го кажува грчката историографија. Ние велиме дека тој е наклеветен, дека тој не го направил тоа… не велам кој е виновен, кој не, само велам дека има разлики…

КОРИТАРОВ: Но, тоа се драстични разлики!?

СТОЈАНОВ: Човекот има споменична плоча кај нас, а таму е осуден на смрт и таму се оддава помен на тие 270 жртви. Тоа се цивилни жртви, деца, старци итн!

КОРИТАРОВ: Да прашам, тука во Бугарија зошто не е познато дека бугарски војски убиле 5 016 мирни жители на Драма?

СТОЈАНОВ: Има и други такви настани, не сакам да кажам кој е крив, а кој е прав, но нашата историја овие настани ги опишува на различен начин, дека виновни се Германците, Италијанците, дека Бугарите се наклеветени…

КОРИТАРОВ: Има ли таков факт дека Бугарите учествувале во убивањето на 5 000 луѓе?

СТОЈАНОВ: По мене, побитен е фактот дека има разлика и дека ние имаме двоен стандард: еден кон Скопје, а друг кон Атина. Ние сакаме учебниците во Скопје да се отпечатени по наш начин, но тоа истото не го истакнуваме кон Атина…

КОРИТАРОВ: Меѓудругото, вие бевте амбасадор во Грција. Имате ли сознанија дека Бугарија било кога го покренала прашањето за промена на грчките учебници?

СТОЈАНОВ: Колку што помнам, во историјата има еден единствен случај, во 1982 година, со академик Николај Тодоров, а станува збор за настан од грчката ослободителна војна од Турците кога имало опсада на едно место и било наведено дека предавникот кој овозможил Турците да убијат многу цивили бил Бугарин. Ете какви се Бугарите… итн. Академикот поведе кампања по која тоа е сменето…

КОРИТАРОВ: Што пишува за Кирил и Методиј?

СТОЈАНОВ: Па, за Кирил и Методиј пишува дека византиската држава има политика да ја внесе византиската цивилизација меѓу Словените и со таква цела работата Кирил и Методиј. Во еден момент бугарскиот цар Борис тргнал да преговара со папата, откако се наложило да се употреби воена сила кон бугарската држава, по што бугарскиот цар Борис се предал и во знак на покорност лично од византискиот император го примил христијанството.

КОРИТАРОВ: Тоа значи дека според грчките учебници Кирил и Методиј се Византијци…?

СТОЈАНОВ: Не е изрично кажано, но тие се испратени малку да ги упристојат варварите. Јас имам и лично искуство со тоа. Во 2003 година дојде кај мене еден Грк и ми вели: Ние многу правиме за вас за да влезете во ЕУ. Можете ли и вие нешто да направите за нас. Го прашувам – а, што тоа? Ми вели – можете ли да почнете да ги чествувате Кирил и Методиј? Имено, грчкиот образовен систем ги учи децата дека Кирил и Методиј се Грци, од средновековната грчка држава која е Византија и Кирил и Методиј прават обид да цивилизираат варварски народи.

КОРИТАРОВ: Ние сме убедени дека тие се дваца словенски браќа?

СТОЈАНОВ: Знаете ли која е најубавата црква во Солун? Кирил и Методиј! И сега, точно тоа словенско население, кое ВМРО го нарекува бугарско, во одреден период било принудено да посетува грчката црква. Целта е да се елинизира подобро. Тоа е начин да биде елинизирано словено-бугарското население.

КОРИТАРОВ: Тоа е драстична разлика во учебницте. И имаме два стандарда. Еден кон Скопје и еден кон Атина…1

СТОЈАНОВ: Да не бидам погрешно разран. Односнот кон Атина е правилен, односот кон Скопје не е. Не е правилно на државно ниво да се поставуваат прашања од историски карактер… Во Грција, четврт век веќе има Министерство за Македонија и Ттакија. Што значи тоа? Никој во Бугарија не збореше ништо! Педесет и еден отсто од Македонија е во Грција. Осумдесет отсто од бегалците кои дошле во Бугарија од Македонија, дошле од грчкиот дел. Тие не дошле од Скопје…

КОРИТАРОВ: Ќе продолжиме со вестите. За прв пат слушате сензационални нешта со страшна разлика во нашиот однос кон Скопје и Атина. Од Македонците бараме да си сменат учебниците, од Грците не бараме ниту „Г“. Продолжуваме по вестите.