Во ковид одделенијата нема доволно кадар да се грижат за нашите најблиски, се жалат тетовци

0
17

Болна мајка со ниска сатурација го моли за помош нејзиниот син кој е застанат наспроти прозорецот во една од собите од ковид одделенијата во Тетово, каде таа неколку недели е хоспитализирана. Но, тој не може ништо да стори и двајцата плачат. Ова е само еден од примерите во Клиничката болница Тетово изминативе два дена, откако во ковид центрите од вчера повеќе не се пуштаат семејствата да се грижат за болните, пракса која ја има од почетокот на пандемијата, поради недостиг на медицински кадар.  

 

Семејствата на пациентите велат дека се согласуваат да нема посета во ковид одделенијата за да не се шира заразата, но ако има доволно медицински кадар, без персонал ковид болните досега се крепаа со нас, а сега тешко на нив.

Има и пациенти со посебни потреби на кои буквално им е потребна нега 24 часа. Сестра на дете со Даунов синдром, раскажува како на неговото братче му се слошила ситуацијата, откако вчера била избракана од ковид одделениеот нивната мајка која се грижела за детето со посебни потреби.

-Тој не е добар, ако нема до него никого ќе ја тргне маската, тој дури и кога има некој со него ја трга маската и мајка ми му ја става. Тој ако се успие и мојата мајка ако задреме таа е стара и што после катастрофа. Тој има документ дека има Даунов синдром и мора да има придружба. Две сестри се на смена и тие нема што да прават, каде попрво, нема друг кадар тука. И дома него не смееме да го оставиме, мора постојано со него да бидеме. Еве и вчера кога ја избркале мајка ми му паднала сатурацијата, се изнервирал и многу му се влошила ситуацијата, вели сестрата на детето со Даунов синдром.

 

Кога ја избркале мајка ми таа покажала документи, но од болницата им рекле дека се неважечки, но потоа кога донела документ дека и таа е позитивнана вирусот ја пуштиле

-Мајка ми е позитивна и таа со татко ми беа позитивни и по некоплку дена брат ми фати. Ама не е само мојот брат единствениот случај и други се засегнати, нема кој да се грижи за нив.Јас одем на врата да им подадам нешто за јадење, а и мајка ми е стара ќе се успие, значи навистина е потребна помош. Тој што немал искуство не знае како. Значи пијат антибиотици, мојот брат се нервира прима инфузија, го пржи раката сака да ја извади иглата, мора до него некој да има . За такви деца во странство оставаа да се седи, ама тука не, ама сега фала богу и дозволија на мајка ми, дека е позитивна, а да беше негатина немаше да ја пуштат, вели сестрата на пациентот.

Клиничката болница Тетово кубури со персонал подолг период, а состојбата се влоши откако се наполнија ковид одделенијата во пикот на четвртиот бран од КОВИД 19 кој го зафати тетовско. Од болницата од почетокот на пандемијата со официјален став дека не пуштаат внатре пациенти, но народски кажано изминатиов период им прогледуваат низ прсти, со оглед на немањето на доволно медицински кадар да се грижи за ковид болните, а помошта од нивните семејства им беше добредојдена. Сега вратите за семејствата се затворени, но најава за дополнителен кадар кој би се грижел за пациентите кои се борат со вирусот нема, нити од болницата, ниту Министерството за здравство.

 Од раководството на тетовската болница денеска ги информираа медиумите дека имаат доволно кадар да се грижат за ковид болните, а 7 од преживеаните пациенти од страотниот пожар во модуларната болница се пуштени на домашно лекување.

ммс