ВО ТЕТОВСКО ПРОНАЈДЕНА ДРОГА И НАПАДНАТ МАЛОЛЕТНИК СО МЕТАЛЕН ПРЕДМЕТ

0
14

 

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (26 септември) околу 16 часот, на крстосницата на улиците „Благоја Тоска“ и „Борис Кидрич“ во Тетово, ги лишиле од слобода М.М.(21), С.К.(24), И.С.(27) од Тетово и А.С.(24) од тетовска Брвеница.При нивен и преглед на нивното патничко моторно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, a што го управувал А.С., им била пронајдена марихуана. Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Вчера (26 септември) околу 21.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово привеле двајца малолетници од тетовското село Копанце на возраст од 14 и 16 години, затоа што околу 17 часот со уште неколку други малолетници физички нападнале малолетник од Копанце. При тоа, еден од напаѓачите, според пријавеното, користел и метален предмет. СВР Тетово презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

Вчеравечер (26 септември) во 23 и 20 минути, во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Бањешница“ во Гостивар, патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот гостиварец Ш.А. изгубило контрола и удрило во две паркирани возила „форд“ со гостиварски и „шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(22) и Р.М.(35) од Гостивар. Во несреќата, сопатникот во „голфот“ С.М.(26) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, додека на возачот Ш.А. му биле констатирани телесни повреди.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.