Германските експерти ги подигнаа првиот докази од модуларната болница, кои ќе треба да се вештачат во лабараториите во Германија

0
19

Германските експерти пристигнаа во модуларната болница во Тетово. Прибираат докази заедно со јавните обвинители од Тетово и Скопје. Местото околу објектот е обезбедено со дополнителни полициски екипи. Во меѓувреме преживеаните од катастрофалниот пожар се опоравуваат.

Германските експерти ги подигнаа првиот докази од модуларната болница, кои ќе треба да се вештачат во лабараториите во Германија. На основа на собраниот материјал и неговата анализа, странскиот тим ќе подготви писмен извештај, кој ќе го достави до Јавното обвинителство Тетово, а кој ќе треба да помогне во истрагата на домашните институции.

Причините за пожарот германските форензичари заедно со јавните обвинители ги испитуваа под силно полициско обезбедување и во интерес на истрагата поконкретни официјални информации не даваат

Колку германските експерти ќе се задржат на терен нема информации.

Јавното обвинителствцо ја проверува документацијата на Министерството за здравство и на фирмата изведувач, за изградбата на модуларната болница во Тетово.

А во меѓувреме преживеаните 12 пациенти од катастрофалниот пожар полека се опоравуваат. Голем дел од нив се пуштени на домашно лекување и се под надзор на лекарски тим од психолози и психијатри.

Инаку за утре роднините на загинатите од катастрофалниот пожар најавија протест во Тетово –  под мотото правда и одговорност.