Голема акција утрово во тетовско и битолско – се апсат криумчари на артефакти

0
17

Утрово во тетовско и битолско полицијата врши претреси и апси криумчари на артефакти, дознава МИА од извори во истрагата.

Според нејзини извори, досега уапсени се осум лица поради соменение за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, а пронајдени се и повеќе предмети.

Од Министерството за внатрешни работи само потврдуваат дека во тек е акција, а повеќе детали најавуваат во текот на денот.