Горивата поскапуваат од полноќ

0
20

Согласно одлуката од Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ поскапуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48% во однос на одлуката од 30.08.2021 година.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 72 денара, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 63,5, а Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63 денари за литар. Причина за зголемување на цената е тоа што во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 3,506%, дизелот за 3,108%, екстра лесното масло за 2,719% и кај мазутот зголемување е за 3,856%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,724%.