ДИК не прифати двајца кандидати за градоначалници

0
21

Кандидатите кои ќе учествуваат на локалните избори на 17 октомври веќе се потврдени. Државната изборна комисија извести дека биле одбиени само две кандидатури за градоначалници, една во Охрид и една во Струга, но и шест листи со кандидати за советници во некои општини. Низ целата земја има 80 општини плус Градот Скопје. СДСМ поднесе 69 кандидати за градоначалници и листи за советници во сите општини и во Скопје.

Од ВМРО-ДПМНЕ не потврдија дали се прифатени сите нејзини кандидатури и во колку општини имаат кандидати за градоначалници. ДУИ, исто така, не го посочи бројот на листи, но уверуваат дека нивните опции се победнички.

„Како победничка партија на сите изборни циклуси досега, Демократската унија за интеграција и нејзините кандидати за градоначалници и општински совети даваат решенија за конкретни проблеми на локално ниво, чекорејќи по петте дефинирани столбови кои директно го подобруваат животот на граѓаните“, изјави Јетон Шаќири, ДУИ.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива е убедена дека овие избори ќе ја потврдат довербата на граѓаните во нивната понуда.

„Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива потврди 16 кандидатури за градоначалници и 29 листи за советници. Очекуваме дека на 17 октомври листата ќе ја потврдат граѓаните со победа во овие општини“, рече Абдула Османи, Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Левица ќе се натпреварува со листи за советници во 38 општини и со 7 кандидати за градоначалници, главно во скопските општини. Оваа партија го поддржува и независниот кандидат на Град Скопје.

Инаку, Државната изборна комисија наскоро ќе добие и друга опрема за идентификација на отпечатоците. Испораката мора да бидат завршена до почетокот на октомври, додека со опремата што веќе пристигна се врши обука на изборните совети.