Дијаспората незаинтересирана: Само три илјади се самопишале од 5 септември досега

0
12

Вкупниот број на самопопишани во дијаспората досега изнесува нешто над 190 илјади, но оваа бројка стагнира. Откако почна пописот во Македонија, се самопопишале околу 3.000 луѓе..

Првиот човек на заводот за статистика, Апостол Симовски, вели дека причината делумно е и во проблемот со апликацијата кој што шест дена била нефункционална.

-Имав доста јавувања и од Американскиот и од Европскиот и од Австралискиот континент, во комуникација сме, на сите им е јавено дека е се во ред дека можат луѓето да се попишат и им се извинувам на сите тие што се убедувале до сега, ама не е тоа наша вина, сега ја имаат таа можност да се попишат, вели Апостол Симовски.

Методија Колоски, претседателот на Обединета Македонска Дијаспора, од Вашингтон за Канал 5 вели дека не очекува драстичен скок на попишување вон границите. Тоа се должи на намалената активност на надлежните за надворешна политика, а дел може да се препише и на 30 годишните политики, вели Колоски кој упати поддршка кон статистичката операција.

-Дефинитнивно се гледа поголема ангажираност и активност во Европа, европските земји, не толку во Америка, Канада и Австралија и тоа можеби е поради тоа што еве во Америка немаме амбасадор, нема во Канада, во Австралија само што се назначи, нема голема активност на информираност од страна на МНР кон македонските граѓани.

До крајот на пописот и кај нас и на самопопишувањето на дијаспората има уште 9 дена… Во земјава досега се попишани над 1,2 милиони граѓани и според Симовски, темпото е задоволително и нема пречки попиост да заврши успешно..

-Секогаш е можно да се случуваат проблеми, ги немаме во овој момент и се одвива без проблеми пописот секаде, на целата територија, добро е темпото и апсолутно со ова темпо очекуваме да го завршиме во рок пописот на целата територија на државата, вели Апостол Симовски.

Хакерските напади и проблемите со апликацијата според Симовски се надминати, единствен минорен проблем, како што вели, се неколку стотици граѓани кои што одбиваат да се попишат. Првиот човек на ДЗС вели дека ќе има уште обиди да ги предомислат овие граѓани, а последна опција е користењето на поригорозните механизми кои што се во нивна ингеренција