Донирани 10 амбулантни возила за здравствените домови ширум државава

0
23

Возилата ги донираше компанијата Еколог. Се работи за современи возила, комплетно опремени.

Амбулантните возила ќе бидат од голема помош, особено сега во време на пандемија кога повиците се зголемени, велат преставниците на здравствените домови од земјава кои присустуваат на примопредавањето на возилата во кругот на компанијата Еколог. 

Компаниите не треба да водат сметка само за  својот профит, туку треба да се земе предвид и нивната одговорност кон општеството, посочија присутните на денешната средба.