ДУИ ќе ја почне и заврши кампањата во Гостивар

0
24

ДУИ и Али Ахмети ќе ја почнат и ќе ја завршат изборната кампања во Гостивар, единствена поголема урбана општина каде локалната власт е во рацете на опозицијата.

Ова го соопшти партискиот функционер и воедно министер за економија Крешник Бектеши, кој воедно ги повика сите политички партии да ги почитуваат пропишаните протоколи против ширењето на ковид 19.

Инаку, изборната кампања за локалите избори закажани за 17 октомври ќе почне утре и ќе трае 20 дена.