Еден не го потпиша, друг не дојде, трет со оправдување дека имал друга обврска, само четворица кандидати го потпишаа кодексот

0
13

Сади Беџети кандидатот од ДПА за градоначалник на Тетово, и уште тројца кандидати Теута Арифи од ДУИ, Хамдија Елезовиќ од СДСМ и Вулнет Мурсели од Алијансата за Албанците и Алтернатива, денеска во Општина Тетово го потпишаа кодексот за фер и демократски избори. Столчињата на кандидатите од Интегра, Движењето Реформи за Правда и Држава и Беса останаа празни.

-Овој кодекс е законска одредба од изборниот законик. Кандидатите ветија фер и демократска кампања. Овој настан имавме обврска да го организираме 23 дена пред изборите. Кандидатот од Беса Биљал Касами не дојде, имал обврска потпишувал кодекс за фер и демократски избори со претседателите на политичките партии, но дојде негов преставник, од Интегра кандидатот Снешана Стојановска беше поканета , но не дојде, еден кандидат не го потпиша кодексот, тоа е негова одлука, а обврзани се сите да потпишат, рече Назми Даути секретар на општинска изборна комисија Тетово.

Африм Ибраими од Движењето реформи за правда и држава кој не го потпиша кодексот, вели дека не очекува фер и демократски избори според досегашната пракса на изборниот процес.

-Како да очекуваме фер избори да спроведе државата, кога луѓе што протестираат за расчистување на случајот со модуларната болница се апсат и се ставаат во затвор, вели Африм Ибраими од Движењето Реформи за Правда и Држава.

Кандидатите од СДСМ, ДУИ, ДПА и Алијанса за Албанците Елезовиќ, Арифи, Беџети и Мурсели очекуваа победа на најдобриот, но и фер и демократски избори како што му доликува на едно граѓанско општество.