ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА , СЕДУМ ПРЕНЕСЕНИ ВО БОЛНИЦА, СТРАШНА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ КИЧЕВО – ГОСТИВАР

0
25

Денеска(4 септември) околу 15 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила: џип “мерцедес”, патничко возило “бмв” и камионет. Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, пренесени се во гостиварската Општа болница “Ферид Мурад “за укажување на лекарска помош.Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид.Од 15 и 30 часот во прекин е сообраќајот во двете насоки.