Загина руски министер за време на вежба додека спасувал живот на човек

0
41

Министерот за вонредни ситуации на Русија, Евгениј Зиничев, трагично го загуби животот, спасувајќи живот на човек на вежби во Норилск. Двајцата биле пренесени во болница, а Зиничев им подлегнал на повредите, додека човекот се бори за живот.

„Министерството за вонредни ситуации на Русија, со жалење соопштува дека Евгениј Зиничев, трагично загина на службена доложност од вонредна ситауција, учествувајќи на меѓуресорни вежби за заштита на арктичката зона, спасувајќи живот на еден човек“, соопштија од министерството.

Информиран за трагедијата бил и рускиот претседател Путин, соопштил портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.