ЗАЕВ: БАНАЛНИ СЕ ВЕЌЕ ПРАШАЊАТА ЗА МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА

0
19

На дванаесетиот  ден од пожарот во  модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14-пациенти, прашањатаза оставка и морална одговорност за премиерот се банални.

За Заев,  моралната одговорност била постигната со тоа што се понудени четири оставки, но вели, може и ќе ги прифати но може и не. Се  ќе зависело од резултатите од истрагата, но и од како што рече минатиот труд на функционерите.

За опоизцијата, образложението на премиерот е неприфатливо – порачуваат дека  со тоа што Зоран Заев и Венко Филипче се се уште на позиции може да влијаат и да ја контролираат истрагата, па поради тоа бараат итни оставки.

„Нема ниту М од морална одговорност од Зоран Заев и Венко Филипче. Веќе две недели нема никакви одговори за несреќата која се случи во Тетово. Зоран Заев и Венко Филипче се обидуваат да избегнат одговорност за 14-те изгубени животи во модуларната болница во Тетово. На Заев и Филипче најбитни им се провизиите и тендерите. Одговорност ќе има за тетовската болница. Ќе одговараат од прв до последен за изгубените животи. “ – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8-ми септември, истрагата е се уште во тек. Најавата за понудените , а не поднесени неотповикливи оставки стигна а по два дена од катастрофата. Засега и министерот за здравство и заменикот, Венко Филипче и Илир Хасани, но и директорите на тетовската болница, Флорин Бесими и Артан Етеми се се уште функционери.

Тв24