Заев: Крваревме со Максим, но тој се откажа од нас

0
23

Не се откажавме ние од него. Тој се откажа од нас, вака премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев уште еднаш го своето мислење за независната кандидатура за градоначалник на Куманово на Максим Димитриевски.

Заев потенцира дека имаат многу партиски кадри кои не се само партиски послушници и многу почесто партијата се ориентира по нив.

Во конкретиниот случај Максим се откажа и тргна против себе. Веројатно во се не делиме исти вредности, рече Заев.

За одлуката да поддржат друг кандидат за општина Куманово, Заев додава дека за 30 општини одлуката паднала последниот ден.

-Имавме 4 одлични кандидати во Куманово, но ние немавме седнато да поразговараме се до последниот ден. Немало тајни состаноци. Веројатно немајќи доверба во партијата, одлучи да оди независен. Крваревме заедно со Максим, кажа Заев синоќа во емисијата „24 анализа“.