Заев: Пукање на митинзи е недозволиво, секој да си одговара без разлика кој е

0
16

Опозициската Алијанса за Албанците втор ден реагира на оваа тема, откако вчера објави видео од митингот на ДУИ во Чаир и ги обвини интегративците дека ги загрозува граѓаните барајќи обвинителството да постапува по случајот. И денеска на прес-конференција од оваа партија порачаа дека на ваков начин се сака да ѝ се наштети на предизборната кампања и ги обвинија политичките противници дека не знаат што претставуваат демократски и цивилизирани избори

Пукањето на митинзи е недозволиво и без разлика кој е, треба да си одговара, порача премиерот Зоран Заев откако во јавноста излезе видео од партиски собир на ДУИ во Чаир на кој се слуша звук како истрели од оружје.

„Утрово во репортите видов дека се случил настан на пукање на одржување на митинг или слично и се запознав со тоа што ме информираше МВР ме информираше дека постапува по случајот. Без разлика која била намерата, тоа е недозволиво. Не знам која била намерата, ако мисли некој дека така привлекува гласови се лаже, демонстрацијата на сили, мускули, па макар пукање во воздух е недолично за земја аспирант за членство во ЕУ и на крајот на денот не е ни прагматично добро. Јас само ќе го кажам тоа што му го кажав и на министерот за внатрешни работи, да се постапува по сите, не ме интересира кој е, секој да си одговара затоа што не смее да се повтори“,порача Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање.

Опозициската Алијанса за Албанците втор ден реагира за овој настан, откако вчера објави видео од митингот на ДУИ во Чаир и ги обвини интегративците дека ги загрозува граѓаните барајќи обвинителството да постапува по случајот. И денеска на прес-конференција од оваа партија порачаа дека на ваков начин се сака да ѝ се наштети на предизборната кампања и ги обвинија политичките противници дека не знаат што претставуваат демократски и цивилизирани избори.

„Првично во Чаир, а деновиве и во Желино, отворањата на штабови на ДУИ се придружени со пукања додека се гледаат и високи функционери како ракоплескаат и како ги поддржуваат овие дела. Освен пратениците и останатите функционери, за време на последниот инцидент во Желино присутен беше и заменик-министерот за правда, Агим Нухиу. Се потсетуваме на настаните пред 4 години во Чаир, кога победата беше украдена и никој не одговараше за пукањето со оружје. Ние сме уверени дека ни овој пат нема да се преземе ниту една мерка, бидејќи обвинителството е во рацете на бившиот министер на ДУИ и законот за нив не важи“,реагираа од Алијанса за Албанците.

360 степени