Започнаа сослушувањата на роднините на пациентите од модуларната болница

0
16

Местото околу модуларната болница во Тетово се уште е обележано со полициски траги и обезбедено од припадници на СВР Тетово. Секојдневно се преземаат дејствија. Се е насочено на истрагата за катастрафолниот пожар, голем дел од другите предмети се во мирување, велат од тетовското јавно обвинителство.

Денеска започнаа да се сослушуваат семејствата на пациентите кои биле во модуларната болница кога избувнал пожарот. Се очекува искази од службени лица од Министерствата за здравство и труд и социјална политика, како и други институции

Но, вештачењата од германските експерти, од ОКТИС при МВР, од градежен институт, но и од други служби, не се готови и пратени до јавното обвинителство.

Тоа се круцијални докази со кои сеопфатно може и треба да започне истрагата, потенцираат од обвинителството.

Голем дел од преживеани пациенти од пожарот во модуларната болница веќе се пуштени на домашно лекување а, нивната состојба полека се стабилизира.Од нив на болничко лекување останати се само уште три лица.

И состојбата со вирусот во тетовско се смирува. Во ковид центарот и инфективното при Клиничката болница во Тетово има хоспитализирано 26 пациенти. Во изминативе 24 часа има само еден примен пациент, починати од КОВИД 19 нема евидентирано.