Извидници учеле секс-пози, истражува обвинителството

0
19

Во извидничкиот камп организиран викендов од извидничкиот дом Градовци, близу Зелениково, средношколци симулирале секс-пози, оставале отпечатоци од полови органи на хамер, се соблекувале и се бакнувале на интимните делови, споделувале интимни работи, а сето тоа било бодувано.

Родители во полиција ги пријавиле овие скандалозни сексуални активности организирани во извиднички камп воден од „Прв скопски извиднички одред“. Од полицијата и јавното обвинителство велат дека преземаат соодветни мерки за утврдување на фактичката состојба.

Во кампот, наречен „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол” наменет за извидниците над 16-годишна возраст, учествувале 40-тина малолетници.

Организаторите велат само дека натпреварот бил од едукативен карактер на темата сексуална едукација.