ИЛИЕВСКИ: ДА ЈА РАЗВИЕМЕ ЛОКАЛНАТА ЕКОНОМИЈА, СО ПОДДРШКА НА МАЛИТЕ И МИКРО ПРЕТПРИЈАТИЈА КАКО И СТАРИТЕ ЗАНАЕТИ

0
24

Кандидатот за Градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ и коалицијата, Оливер Илиевски, денес имаше средба со Регионалната Комора на занаетчии од Куманово заедно со претседателот Агрон Фазлији. Илиевски истакна дека победата на СДСМ значи заедничко решавање на проблемите во Куманово.

„Да ја развиеме локалната економија, со поддршка на малите и микро претпријатија, согласно можностите, локалната власт да субвенционира стари кумановски занаетчии, коишто се во изумирање, кондурџии, грнчари и сл. а го претставуваат заедничкиот интерес за заштита на културното и историското наследство на кумановскиот регион“, потенцираше Илиевски.

Илиевски го постави и прашањето зошто да стои неискористен просторот во култниот Занаетчиски дом, изграден далечната 1939- та од самите занаетчии и истакна дека е потребно да се намали закупнината за време на пандемијата со Ковид.
Меѓудругото, двете страни се согласија дека приоритет е намалување на фирмарината спрема општината, отворање сувенирница и со заеднички активности да се намали сивата економија, како и да се организираат денови на занаетчиство.

„Продолжуваме со соработка со секој општествен чинител.“, заврши Илиевски.